Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Наум Стојаноски и Димитар Ѓорески од БК „Алексо Огненовски“ викендов ќе боксуваат на Меморијал „Константин“ во Лозница

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младите охридски боксери Наум Стојаноски и Димитар Ѓорески од БК „Алексо Огненовски“ од Охрид ќе бидат дел од македонската екипа која ќе настапи на Меморијал „Константин“ во Лозница, Република Србија.

Тие, заедно со 11 македонски боксери, во недела, на 21-ви април 2024 година, ќе се натпреваруваат во повеќе категории, во рамките на седмото коло на Опен Балкан.

Покрај охридските боксери од БК „Алексо Огненовски“, во Лозница ќе се натпреваруваат и членови на клубовите „Илинден“, „Пелистерски јунак“, Аперкат“, „Синди“ и „Пинк Пантер Тим“. Денеска заминуваат за Белград, каде ќе одржат подготовки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука