Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот за информатичко општество Бајрами го посети друштвото за истражување и развој „Сефиданис” од Охрид

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, во придружба на својот тим, денеска го посети друштвото за истражување и развој „Сефиданис“ од Охрид.

Во просториите на „Сефиданис“ моментално се изработува вториот паметен споменик, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

– Во финална фаза е и продизводството на првиот регионален хуманоид, целосно автономен робот во природна големина на човек, вели за Супер радио и OhridPress проф. д-р Анис Сефиданис.

Проф. д-р Анис Сефиданис предава на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тој е автор на четири книги од областа на IT, меѓу кои „Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција“ и основач на Центарот за вештачка интелигенција кој во нашата држава го донесе првиот Суперкомпјутер на компанијата NVIDIA. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сефиданис

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука