ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Толку далечни, а толку блиски – толку различни, а толку исти: Охрид, Берат и Xanthi во Грција (Фото)

Охрид, 21. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Колку повеќе ги апострофираме разликите меѓу нас, толку повеќе сличностите во храната, менталитетот, архитектурата и се’ останато на Балканот истите ги демантираат.

Колку пати сте препознале зборови кои ги користите во секојдневието кога посетувате некоја Балканска земја, колку пати сте препознале некое јадење кое го знаете од најмали нозе, сега со друго име и сосема мали измени? Колку пати сте препознале дел од архитектурата на местото од кое доаѓате во некој од градовите на Балканот кои сте ги посетиле?

На сликата погоре, ви нудиме фото-споредба на архитектурата на три града – нашиот Охрид, Берат во Албанија и Xanthi во Грција. Станува збор за отоманска архитектура, чии карактеристики биле развиени за време на отоманската доминација над Балканот.

Дополнително, погледнете ги една до друга црквата „Св. Троица“ во Берат и „Свети Јован Богослов“ во Канео, Охрид.

Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува и тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Dimitris Kapos

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука