Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР со МЕТЕО предупредување: На повисоките места ќе се формира нова снежна покривка

Охрид, 21. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

– Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денес и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса денес на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од УХМР.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). (Крај)

извор: УХМР/АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука