Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 3. литри дожд на м2

Охрид, 21. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 3. литри дожд на м2.

– Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Скопје-Петровец, Куманово, Крива Паланка, Ѓуриште со наврнат талог од 4 литри на метар квадратен, 3 во Охрид, 2 Гевгелија и еден во Скопје-Зајчев-Рид, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Претор, Штип, Лазарополе, Крушево и Виница, информираат од УХМР.

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денес и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса денес на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука