Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вчера во Охрид наврна најмногу дожд во државата, се скрши поголема гранка кај СРЦ „Билјанини извори“

Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во текот на вчерашниот ден, најмногу дожд во државата наврна во Охрид.

– Заклучно со синоќа до 20:00 часот во Охрид наврнаа 17 литри на м2 дожд, информираат од УХМР.

Силниот дожд и ветер предизвикаа да се скрши поголема гранка од дрво во близина на СРЦ „Билјанини извори“.

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и услови за повремени врнежи од дожд кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука