Здравје Струга

Ќе се доградува амбулантата во Лабуништа

Струга, 31. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерство за здравство на Република Македонија објави тендер за доградба на амбулантата во струшкото село Лабуништа.

Тендерот е со проценета вредност од 8 милиони денари, а ќе го добие фирма што ги исполнува условите и ќе понуди најниска цена за изградба. Како што објавија од Бирото за јавни набавки, пријавувањето на заинтересираните фирми ќе трае до 14-ти септември.

Доградбата на амбулантата ќе треба да биде завршена во рок од седум месеци откако ќе се избере најповолен понудувач.

Оваа амбуланта опслужува повеќе од 12 илјади жители од регионот. За да се подобри квалитетот на здравствените услуги, во Лабуништа беше отворена и служба за итна медицинска помош. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука