ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ден на културата во сообраќајот

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11-ти мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот.

Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како Ден на културата во сообраќајот.

Сообраќајната култура претставува начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.Сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво. Согласно тоа, исклучително важно е да се изгради еден систем на општествени вредности во кој безбедноста во сообраќајот, културата и етиката во сообраќајот, ќе заземат соодветно и значајно место.

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Тука пред сè се мисли на сфаќањата и однесувањето на учесниците во сообраќајот, нивната перцепција за ризикот во сообраќајот, одговорното однесување, совесноста, ставот на учесниците во сообраќајот кон значењето на безбедноста во сообраќајот воопшто и сл.

Bad parking in Surrey: Send us your pictures - Surrey Live

Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен и тежок, па затоа посебно внимание треба да се посвети на најмладите со цел уште од мали нозе да се изгради едно повисоко ниво на култура и етика во сообраќајот. Неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст. Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи, а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот.

Семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на децата. Односот на родителот во сообраќајот, без разлика дали е во улога на пешак или возач на возило во кое се вози и детето, како и почитувањето на сообраќајните правила од страна на возрасните, има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќајот.

Australian road rules: Strangest laws for driving, parking and cars

На оваа тема редакцијата на OhridPress пишува во неколку наврати и постојано е актуелна. Низ Охрид секојдневно сме сведоци, а до нашата редакција пристигнуваат и фотографии на автомобили поткачени на тротоар, оставени на велосипедска патека, скутери и мотори оставени на тротоар, велосипедисти кои возат по коловоз иако имаат обележана велосипедска патека, преминување улица на небезбедни места, прескокнување граничници на кружните текови…

Зголеменото присуство на полициските службеници ги научи возачите да ги пропуштаат пешаците на пешачките премини, а пешаците во голем дел се научија да префрлаат улица на обележано место, иако рака на срце и понатаму има такви кои претрчуваат на пример на булеварот „Туристичка“, кај Шпаркасе банка, иако тука од поодамна веќе нема пешачки премин.

Bad driving: the nightmare that haunts us all | Lowvelder

Граѓаните бараат почитување на сите постоечки законски регулативи и ставање ред, истите да важат подеднакво за сите.

Дел потсетуваат дека се итно потребни толку ветуваните катни гаражи, особено во централното градско подрачје, со што се очекува конечно да се стави ред и во оваа област.

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен, но затоа секој од нас преку личен пример треба да придонесе за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука