Забава Избор

SUPER Fresh Music: Big Sean – Precision

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Big Sean, еден од омилените рапери од новата генерација, го претстави синглот „Precision“, во кој ја истакнува својата уникатност и самодоверба, квалитетите кои го доведоа до ѕвездите.

Во новата етапа од кариерата, уметникот носи jazz звук во комбинација со трап-аранжман, карактеристичен за неговата дискографија, а текстот на песната ја следи автентичноста на неговиот израз.

– Имам чувство дека животот е полн со краткотрајни работи и во сето тоа е многу тешко да не се изгуби чувството за аспектите кои се всушност важни. И подемите и падовите носат нешто убаво и значајно. Постојано се прашувам како ќе го искористам сето ова време што ми преостана, изјави Big Sean.

Со новиот сингл раперот јасно кажува дека е подготвен за почеток на нова ера и големи проекти.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука