Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува реконструкцијата регионалниот пат Охрид-Св. Наум (Фото)

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на летната сезона, продолжува реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, која започна на 24-ти октомври 2023 година.

Утрово се асфалтира потегот кај исклучувањето на патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“.

Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука