Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Валон Каба избран за нов в.д директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-та седница на Советот за развој на Центарот за развој на Југозападниот плански регион (ЈЗПР), за в.д Директор на Центарот за развој на Југозападен плански регион, едногласно од страна на членовите на Советот е избран Валон Каба, информираат од Центарот.

– Каба е досегашен координатор при Центарот за развој на ЈЗПР. Градоначалникот на Општина Охрид, воедно и Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, д-р Кирил Пецаков упати голема благодарност за досегашната успешна соработка со директорка Мирјана Лозаноска, а на новоизбраниот в.д директор Валон Каба му посака успешна работа со Центарот, информираат од ЈЗПР.

Додаваат дека Валон Каба веќе 15 години работи во регионалниот развој, со големо искуство во имплементација на низа проекти во сферата на енергетска ефикасност, реконструкција на објектите и комуналната инфаструктура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука