Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Седуммесечно бебе починало во болницата „Св. Еразмо“, ОЈО ќе ги истражува причините за смртта

Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти мај 2024 година, во 01:04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16:00 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.

– Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука