Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Охрид, повредени три лица

Кичево/Охрид, 15. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти мај 2024 година, во 18:50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на кичевското село Подвис, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишно лице од Кичево и патничко возило „Мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Мерцедес“, 45-годишна жена од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука