Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Внимателно ако патувате кон Скопје, магла на „Стража“ (Фото)

Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Внимателно доколку патувате кон Скопје и поминувате на планинскиот превој „Стража“, има појава на магла.

Читатели на OhridPress испратија фотографии од превојот од кои се гледа дека има намалена видливост.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: ОхридПрес/АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука