Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едукативно-превентивни работилници за безбедни матури

Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“, во Охрид и Кичево, организираше едукативно-превентивни работилници во неколку средни општински училишта.

– Притоа, на работилницата наменета за матурантите, полициските службеници, низ интерактивна комуникација, ги запознаваа учениците со потребата од безбедно прославување на матурските вечери, избегнување на користење алкохол а посебно неуправување моторни возила под дејство на алкохол, зачувување на јавниот ред и мир за време на матурските прослави но и за одговорностите со кои би се соочиле доколку има кршење на соодветните законски обврски и непочитување на законските правила и прописи. Полициските службеници, на сите матуранти им ја честитаа матурата и на учениците им посакаа се најдобро. Оваа превентивна активност, ќе се реализира и во Струга и Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука