Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ викендов ќе настапи на боксерскиот турнир „Лах Нимани“ во Приштина

Охрид/Приштина, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Косовската боксерска федерација, викендов во Приштина, Косово, ќе се одржи традиционалниот Меѓународен боксерски турнир „Лах Нимани“.

На турнирот, кој се одржува по 16-ти пат и ќе се одржи на 18-ти и 19-ти мај во Палатата на млади и спорт во Приштина, ќе се претстави и младиот Наум Стојаноски (71 кг) од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид. Покрај него, боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Ардијан Рустемовски (57 кг), Ендри Хани (80 кг), Ери Хани (86 кг), Лиси Коџаџику (86 кг) и Еди Насуфи (92+), а ќе ги водат тренерите Фисник Хани и Јасин Лама.

Ќе настапат боксери од Косово, Република Македонија, Бугарија, Полска, Украина, Албанија и Црна Гора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука