Забава Избор

SUPER Fresh Music: Imagine Dragons & J Balvin – Eyes Closed

Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од комерцијално најуспешните бендови од новата генерација, Imagine Dragons ја претстави новата верзија на нивниот сингл „Eyes Closed“ на кој им се придружи латино ѕвездата J Balvin.

Впечатливата приказна за самодовербата и храброста доби строфа на шпански, чии стихови зборуваат и за незапирлива внатрешна сила.

– Песните се доказ за моето животно патување и со задоволство ги споделувам со вас и со најдобрите пријатели со кои сум во бендот. Ти благодарам што ме натера да се чувствувам помалку сам на оваа планета. Секогаш потсетувај ме дека заедно сме во ова, порача фронтменот на бендот Dan Reynolds.

По пет успешни студиски изданија крунисани со наградата Grammy, 70 милиони продадени албуми, како и импресивни 160 милијарди слушања на глобално ниво, оваа година Imagine Dragons на слушателите им го подарува изданието „Loom“, кое покрај веќе успешниот сингл „Eyes Closed“ ќе донесе девет нови нумери за храброста и самосвеста проткаени со нов звук, но и со типичен поп-рок ритам што го донесе овој бенд до самиот врв на музичката индустрија.

Албумот „LOOM“ ќе ја види светлината на денот на 28-ми јуни, а соработката со една од најголемите светски сензации на латино и регетон музиката дефинитивно кажува дека бендот одлучил на публиката оваа година да и подари само хитови.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука