Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога кај 29-годишно лице од Куманово

Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри мај 2024 година, во 21:20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 29-годишно лице од Куманово.

– При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука