Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Охрид, 38 литри на м2

Охрид, 19. мај 2024 (ОХРИДРПЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата направени утрово во 08:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнале во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола и Прилеп, 12 во Дебар, 10 во Куманово, Тетово и Крива Паланка, девет во Скопје-Петровец и Претор, осум во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, седум во Велес, шест во Кавадарци, пет во Пожар, четири во Струмица и Берово и три литра во Дојран и Гевгелија.

УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука