Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одбележи Денот на биолошката разновидност

Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Националниот парк „Галичица“, во близина на селото Велестово, денеска ќе се одржи настан за одбележување на денот на Натура 2000 (21-ви мај) и светскиот ден на биодиверзитетот (22-ри мај).

Настанот ќе го отвори Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата и шеф на одделот за политика и информирање при Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Андон Бојаџи, раководител на Секторот за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Даниел Богнер, Тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ и Робертина Брајаноска, извршен директор на Македонското еколошко друштво.

По обраќањата присутните меѓу кои ќе има и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје ќе имаат можност да набљудуваат и идентификуваат видови во ливадите и пасиштата преку работилница која ќе биде предводена од страна на едукатор од НП „Галичица“ и неколку експерти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука