Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Гробот на Свети Кирил е светилиште во Рим, мистерија е каде е погребан неговиот брат Свети Методиј

Рим/Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ширењето на словенската писменост во 10-тиот век е најголемата заслуга на светите браќа Кирил и Методиј, поради која словенските народи и ден денес им оддаваат должна почит на светците кои на својата просветителска мисија тргнале од нашиот Охрид.

И додека гробот на свети Кирил е познато место и светилиште за нивниот ден, 24-ти мај, локацијата на гробот на неговиот брат Методиј е мистерија и се’ уште не се знае каде е погребан во раниот среден век. Постојат претпоставки и научни теории дека е погребан во рамките на една црква во Чешка, која била дел од големата Моравска држава на почетокот на 11-от век.

Гробот на Свети Кирил е во базиликата Свети Климент во Рим која името го добила по пaпата Клемент. San Clemente al Laterano е базилика која е изградена во 4 век од новата ера и се наоѓала под земја. Таму бил погребан Свети Кирил по смртта, додека заедно со Методиј биле во посета на Ватикан.

Олтарот за Свети Кирил се наоѓа во старата базилика врз која на почетокот на 12-тиот век е изградена новата базилика Свети Климент. Секоја година црковно-државна делегација од Република Македонија го одбележува празникот со посета на Рим и се поклонува пред олтарот на Свети Кирил.

Со богата програма, Охрид и годинава достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Вечерва ќе се одржи централната свеченост. Во 10:00 часот беше положено свежо цвеќе пред монументалниот споменик на „Св. Кирил и Методиј“, по што се доделија наградите нза најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнаа значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари. Манифестацијата се одржа пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Градскиот парк во центарот на градот. Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во населбата „Кошишта“, со почеток во 10:30 часот се одржа Панихида и фолклорен концерт во чест на Св. Кирил и Методиј.

Вечерва од 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ на растечката генерација музичари од класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Предвидена е и беседа за свети Кирил и Методиј на проф. д-р Красимира Илиевска. Чествувањата ќе завршат на истата локација, во црквата „Св. Софија“ од 20:00 часот со проекцијата на документарниот филм „Кирилицата – Кодот на Македонија“ од проф. д-р Илија Велев.

По повод празникот Св. Кирил и Методиј, вечерва ќе биде промовиран „Споменикот на иднината“, проект во реализација на Сефиданис истражување и развој од Охрид, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Промоцијата ќе се одржи во атриумот на Универзитетот за информатички науки и технологии, „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со почеток во 21:00 часот. (Крај)

извор: Тв Телма/ОхридПрес фото: религија.мк/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука