Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Како Baby Lasagna изгуби 32 килограми, од 107 на 75

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иако денеска може да се пофали со мускулесто тело, Марко Пуришиќ, познат како Baby Lasagna, некогаш не беше ни блиску до тоа и вели дека секогаш се борел со вишокот килограми.

– Цел живот бев дебел и во еден момент имав дури 107 килограми. Тогаш реков – доста е! Морам да направам нешто, изјави тој.

Тоа беше моментот кој промени сè.

– Почнав да тренирам боречки вештини. Ме интересираше најмногу џиу-џицу, а потоа започнав да вежбам редовно во теретана и ја прилагодив исхраната. Еве, утрово се измерив и сега имам 75 килограми, вели Пуришиќ.

Додава дека толку многу се вљубил во вежбањето, што тоа било една од работите што најмногу му недостасувале за време на подготовките за настапот за песна на Евровизија и престојот во Шведска.

– Тоа е една од работите, да речеме во моите Топ 10, што ми недостасуваа. Тренирав дури шест пати неделно, а сега сум до три пати неделно и, искрено, ми недостига вежбањето и затоа со нетрпение чекам кога сето тоа ќе престане, за да можам повторно да вежбам, вели Baby Lasagna. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука