Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Докторот на Pearl Berg, која почина на 114 годишна возраст го открива нејзиниот рецепт за долг живот

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Pearl Berg имаше 114 години кога почина во февруари, што ја прави трета најстара личност во САД и деветта најстара личност во светот, според официјалните податоци на Gerontology Research Grou.

Иако живеела повеќе од еден век, таа никогаш не држела строга диета, не земала скапи додатоци на исхраната, дури и немала некоја посебна рутина за вежбање.

– Се чинеше дека таа само се обидува да го живее животот во потполност, откри нејзиниот доктор Jeremy Lorber, од Cedars-Sinai болницата во Лос Анџелес.

Тој истакнува дека Berg имала разумен и флексибилен пристап кон животот, особено кога станува збор за слатките.

– Таа никогаш не пушеше, само повремено пиеше по малку вино. Секое утро пиеше свежо цеден сок од портокал, јадеше многу малку мрсна храна и консумираше само умерена количина слатки и десерти. На 102 години сакаше да јаде десерт секој ден, а на 106 години бараше слатки секое утро и попладне, рече тој.

Била активна во локалната заедница, била и член на литературниот клуб и волонтирала.

Според анализата на животот на Pearl Berg, некои од најдобрите стратегии за долг и здрав живот се сосема бесплатни. Навиките како што се одржување силни врски со блиските и заедницата, одвојување време за релаксација и редовни, лесни вежби како што се пешачење, ледни игри со семејството или градинарство, се потенцираат како најдобри шанси да се доживее длабока старост, без да се трошат многу пари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука