Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Ноќеска санкционирани 5 возачи во Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти и 26-ти мај 2024 година, во периодот од 23:00 до 04:00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

– Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука