Забава Избор

SUPER Fresh Music: Lola Young – F**k

Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата R&B и поп ѕвезда Lola Young го претставува драматичниот сингл „F**k“ во кој бестрашно и нескромно ја раскажува приказната за токсичната опсесија на која постојано се навраќа.

Провокативните стихови во комбинација со мрачен поп звук во голема мера станаа заштитен знак на Lola и сите нејзини синглови од почетокот на годината, од мистериозната песна „Wish You Were Dead“ до од критичарите пофалената „Big Brown Eyes“.

– Понекогаш се чувствувам обземена од емоции и се чувствувам збунета и исплашена за мојата работа, но кога ќе застанам на сцената сè исчезнува само по себе. Се чувствувам и мирно и возбудено, и иако оваа работа има многу аспекти, многу ја сакам, истакна Lola.

Британската кантавторка беше особено вредна од почетокот на оваа година и во јануари и февруари веќе објави два сингла. Во моментов таа настапува на концертите од распродадената турнеја ширум Европа.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука