Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Браќата Наум и Христијан Стојаноски повторно златни, со победи се враќаат од Второто коло на Првата и младинската бокс лига

Штип/Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Браќата Христијан и Наум Стојаноски во категориите до 46, односно 67 килограми, се враќаат со победи од Второто коло на Првата и младинската бокс лига.

Тие беа дел од охридската екипа од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид. Михаил Аврамоски во категоријата до 40 килограми го освои второто место, додека Димитар Ѓорески во категоријата до 63 килограми и Енис Алиу, до 71 килограм не се бореа (немаа прортивници).

Турнирот се одржа во СРЦ „Џексон“, а организатори беа БК „Пинк пантер тим“ и Боксерската федерација на Република Македонија.

Најдобрите охридски боксери вчера во Штип учествуваа и на Меморијалниот боксерски турнир „Јордан Мијалков“. Енис Алиу во категоријата до 71 килограм и младите охридски боксери, браќата Христијан и Наум Стојаноски во категориите до 46, односно 67 килограми, се закитија со златни медали. Димитар Ѓорески во категоријата до 63 килограми освои сребрен медал, заедно со Михаил Аврамоски, кој исто така се враќа со сребрен медал во категоријата до 40 килограми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука