Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Поштенски работник – разнесувач на пратки од Кавадарци присвоил 92.000 денари од дневен промет на охридска фирма

Охрид/Кавадарци, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

– На 4-ти март 2024 година, пријавениот, како поштенски работник – разнесувач на пратки во правно лице со претставништво во Охрид, паричните средства од дневниот промет неовластено ги присвоил, наместо да ги предаде во тековниот ден на овластено лице за прием на прометот. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 92.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука