Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за 73-годишно лице кое изградило станбен објект во населбата „Рача“ без правосилно Одобрение за градење

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишно лице од Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– На имот во населбата „Рача“, спротивно на Законот за градење, односно без да поседуваат правосилно Одобрение за градење издадено од надлежен орган, пријавениот изградил станбен објект, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука