Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Една година уживање со пијалокот на боговите во Охрид, една година Bacchus Wine Bar & Apartments

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една година уживаме заедно во пијалокот на боговите – една година Bacchus Wine Bar & Apartments, порачуваат од местото кое веќе стана омилено за сите вљубеници во врвното вино.

Bacchus Wine Bar & Apartments веќе полна година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за вашите сетила.

– Врвна локација со амбиент за најголемите вински сладокусци. Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, уникатни ракии од кои повеќе од четвртина може да се пробаат само тука. Со силна поддршка за локалните производители на, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство. Дојдете во вторник, на 4-ти јуни да прославиме и да наздравиме заедно. Промотивно вечерта, вината на Venec winary ќе ги вкусите со попуст од 20%, а за музиката ќе се погрижи Dj Regie Rules, стои во поканата на Bahus Wine Bar & Apartments.

Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука