Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Се реконструира патниот правец Охрид-Св. Наум, асфалтирана делницата од Св. Наум до после селото Трпејца

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека е во тек реконструкцијата на патниот правец Охрид-Св. Наум, со асфалтирана делница од Св. Наум до после селото Трпејца е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Во пресрет на летната сезона, продолжува реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, која започна на 24-ти октомври 2023 година. Во моментов, асфалтирана е делницата од Св. Наум до неколку километри после селото Трпејца. На остатокот, до Музејот на вода се извршени подготовки за асфалтирање, а натаму до Пештани се санирани и закрпени поголемите дупки на коловозот. На целата делница е извршено парцијално проширување на коловозот на поголемите кривини, а на дел е извршено и тампонирање.


Читателите на OhridPress генерално ја поздравуваат реконструкцијата, но сепак посочуваат дека во најголемиот дел патот останува со истата широчина, што е еден од најголемите проблеми на овој потег. Бараат итно да се среди овој патен правец и потсетуваат на бројните ветувања, стари и повеќе од десет години за проширување на оваа делница. Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука