Избор Хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице од Кичево кое „пазарело“ со туѓа платежна картичка

Охрид/Кичево, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

– Во периодот од 20-ти февруари до 15-ти март 2024 година, пријавениот неовластено навлегол во компјутерскиот систем на женско лице, при што во девет наврати неовластено ја употребил нејзината платежна картичка на повеќе локации во Кичево и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 5.329 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука