ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -73

Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 88, а починале 161 лица (од кои едно доенче), односно се бележи прираст од -73.

И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 9, а починале 17 лица. Струга пак во првите три месеци од годинава бележи позитивен прираст, се родиле 140, а починале 120 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 43 двојки, а имало 16 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле дури 109 бракови, а евидентирани се 8 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука