Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

По повод Светскиот ден без тутун, ЦЈЗ Охрид ќе реализираат едукативни работилници за штетноста на пушењето

Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Да ги заштитиме децата и младите од влијанието на тутунската индустрија“, денес се одбележува Светскиот ден без тутун со цел да ја подигне јавната свест за новата мета на тутунската индустрија – децата и младите.

Пушењето како причина за смрт се поврзува со околу 7.2 милиони смртни исходи во светот, годишно. Тутунот убива приближно половина од своите корисници, одземајќи така повеќе животи отколку сидата, маларијата и туберкулозата заедно.

По повод Светскиот ден без тутун стручните лица на Центар за јавно здравје Охрид ќе реализираат едукативни работилници со младите во средните училишта со цел да се истакне штетноста на пушењето цигари врз здравјето, а Советувалиштето за одвикнување од пушењето при Центар за јавно здравје Охрид е отворено секој работен ден за сите оние кои сакаат да се информираат и ги дополнат своите знаења за штетноста на тутунскиот чад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука