Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Во Охрид се празни 17.820 станови, повеќе од половина од изградените 33.660

Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека во Охрид има празни 17.820 станови, кои се повеќе од половина од изградените 33.660 е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Се градат станови, а нема кој да живее во нив. Ова не само што е чест коментар, туку накусо ја опишува реалната состојба на теренот, со оглед на темпото и на изградба на новите станбени згради, но и на иселувањето од земјава. Податоците од пописот во Охрид покажуваат дека и таму се празни речиси половината од становите, 17.820, а изградени се 33.660.

Читателите на OhridPress во коментарите посочуваат дека исклучително високите цени по метар квадратен и наводната постојана побарувачка на станови може да се објасни со перење на огромни пари со овој сектор. Како можно решение на проблемот се посочува подигнување на дел од даноците, а во еден од коментарите и сосема оправдано се прашува – зошто се издаваат нови градежни дозволи и се гради насекаде, дури и каде не би требало да се гради? – Ако сакаме туризам, изградбата на станбени згради треба да се стопира за наредниве 30 години, стои во коментарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука