Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Мајката на Петар информира: Петар ги издржа храбро двете тешки операции

Истанбул/Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Драги наши пријатели и донатори, сакам да ве известам дека Петар ги издржа храбро двете тешки операции за сколиоза, информира Гордана Попоска, мајката на Петар, за чие лекување периодов наназад се организираа бројни акции за собирање помош.

– Сега се опоравува и наскоро ќе се вратиме дома. Ви благодарам на сите што ни помогнавте, што не направивте среќни за Петар да ја победи сколиозата. Благодарение на Бог, на Вас – хумани луѓе и на Проф. д-р Cagatay Ozturg од Liv Vadi Hospital во Истанбул, порача таа.

Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која беше потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мораше да се оперира во Турција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука