Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од РЦСОО„Ванчо Питошески“ освоија прво место во три категории на натпреварот „Young Cheff Struga“

Охрид/Струга, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Забележителен успех на учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“ од Охрид на натпреварот по угостителство и туризам – готвачи „Young Cheff Struga“, во организација на СОУ„Нико Нестор“ од Струга.

Од охридското стручно училиште учествуваа Никита Мишевски, Валентин Матоски и Фикрет Шаќироски, под менторство на професорот Војо Ангелоски.

Учениците се натпреваруваа во приготвување ладно предјадење од риба, главно јадење од риба и десерт по желба и во сите категории го освоија првото место. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука