Забава Избор

Laibach му одговорија на Бајага за Rammstein: Класичен српски хумор и дементно рибарско претерување

Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот словенечки бенд Laibach се огласи по изјавата на легендарниот Момчило Бајагиќ Бајага за нивната врска со бендот Rammstein, нарекувајќи го разговорот на нивниот колега од Белград „класичен српски хумор и дементно рибарско претерување“.

Бајага во подкастот „Agelast“ на Галеб Никачевиќ изјави дека еднаш свирел со Rammstein на фестивал во Словенија, а потоа се потсети на „анегдота“ за тоа како германскиот бенд побарал да се сретне со нивните идоли, Laibach, но тие наводно не сакале, а потоа две години подоцна, Laibach сакале да бидат предгрупа на турнејата на веќе популарните Rammstein, но германскиот бенд ги одбил.

По тој повод, легендарната словенечка група даде изјава за Headliner во која велат дека, со оглед на тоа што изјавата на Момчило Бајагиќ Бајага станала вирална, можеби е хигиенски да одговорат.

– Бајага, кој инаку е фин и угледен господин и релевантен популарен уметник, го запознавме еднаш во Белград, во СКЦ. Тоа беше по повод нашиот концерт во 1997 година, кога застана во наша одбрана, бидејќи нашиот настап во главниот град на Србија (Хала спортсова на 14-ти ноември 1997 година) тогаш беше речиси забранет. Меѓутоа, приказната што тој сега ја шири, повеќе припаѓа на фолклорот на класичниот српски хумор и дементното рибарско претерување. Единствената вистина е дека Rammstein на почетокот биле големи фанови на Laibach и дека основната инспирација за својот музички и стилски правец ја нашле токму во Laibach. А дека Laibach некогаш му бил понуден на Rammstein како предгрупа, тоа воопшто не е точно. Laibach, исто така, ја откажа соработката со U2, кои во раните 90-ти изразија желба да настапиме како нивна предгрупа. Имаше уште неколку вакви повици од големи групи. Неколку пати се сретнавме со момците од групата Rammstein, но тие беа главно љубезни средби, бидејќи сакаа лично да не запознаат. Членовите на Rammstein редовно доаѓаа на нашите концерти во Берлин. Во Словенија, Rammstein настапи само двапати, во февруари 2005 година (Хала Тиволи) и април 2013 година (Арена Стожице). Списокот на сите нивни и наши настапи – и многу други – може да се провери на интернет, како и информации дали Мурска Собота е „таму“ на границата на Австрија и Италија, стои во официјалната реакција на Laibach.

Bajaga prije 30 godina svirao s Rammsteinom: Neki ludaci iz Njemačke s tri  kombija opreme - CdM

Доколку сакате да ја слушнете во целост приказната на Бајага за Laibach и Rammstein од негов агол, но и многу други интересни настани од неговата кариера, Ви прегладаме да ги погледнете комплетното интервју за подкастот „Agelast“ на Галеб Никачевиќ.

извор: ОхирдПрес фото: Bojana Janjić/архива видео: Agelast

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука