Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи второто коло од риболовниот натпревар за деца „Охридска Риболовна Лига 2024“ во дисциплината пливка

Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението на рекреативни риболовци Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, а согласно Годишната програма за натпревари за 2024 година и добиеното одобрение од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска ќе се одржи првото коло од риболовниот натпревар за деца „Охридска Риболовна Лига 2024“ во дисциплината пливка.

Натпреварот ќе се одржи во 2 кола, од кои првото се одржа во саботата, на 25-ти мај 2024 година, а второто е закажано за денеска.

– Натпреварувачите се поделени во категориите: У15, деца со возрас до 14 години и У20, деца на возраст од 15 до 19 години. Должината на натпреварот (ловењето риба) за У15 е 2, а за У-20 3 часа. Според правилата, дозволена е употреба на риболовен прибор само со пливка (тапа), само една еднокрака јадица, која мора да биде монтирана под оловото. Дозволено е носење на повеќе подготвени риболовни трски, сите завртени со врвот спротивно од риболовната вода, а риболов се врши само со една трска. Задожително е носење на чуварки за зачувување на рибата во жива состојба. За мамки дозволено е користење на бели црви, глисти, ларви од инсекти, и сите видови зрнеста храна (пченица, пченка и сл.). Забранета е употреба на леб и разни видови на теста, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Спортски клуб „Св. Апостол Петар“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука