Забава Избор

Billie Eilish го претстави третиот студиски албум „Hit Me Hard And Soft“

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната музичка сензација Billie Eilish го претстави својот трет студиски албум „Hit Me Hard And Soft“ – колекција од нежни тонови и остри текстови обоени со сурови емоции.

Изданието носи десет нови песни кои ја истражуваат првата љубов, длабокото страдање разбудено од нејзиниот бродолом, љубомората и сите други неизбежни состојби на скршеното срце.

Billie доби одлични критики од престижните Rolling Stone, Variety и Los Angeles Times, според кои ова е нејзиниот најдобар албум до сега.

Иако има само 22 години, таа е една од највлијателните музичари на 21 век и нејзините први два студиски албуми се крунисани со најпрестижните награди во индустријата, милијарди слушања на музички платформи, како и најпозитивни критики.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука