Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа,неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“ и дел од Булевар „Туристичка“. Додека пак поради интервенција на водоводната мрежа до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Винковачка“ и дел од „Будва“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санациите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука