Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 24. степени

Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука