Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Свети Јован, епископ Готски

Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Јован, епископ Готски.

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики.)

Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно. Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“. И така беше. Четириесеттиот ден се престави и отиде кај Господа.

Се упокои мирно, во 8 век.

Тропар

Измолен од Бога за утеха на своите родители, се удостои да бидеш посветен на служба Господова, велик епископе Јоване, радувај се ти кој стана светилник на благодатта Христова, застапи се пред Господа за оние кои го празнуваат твојот чесен спомен. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука