Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Здравје: Пет протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење за лица над 40 години

Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што старееме, правилната исхрана станува сè поважна, особено кога станува збор за внесувањето на протеини.

Тие играат клучна улога во одржувањето на целокупното здравје, поддршката на имунолошката функција на организмот, здравјето на цревата и помагаат во регулирањето на тежината.

Ви нудиме листа од пет протеини кои треба да ги вклучиме во нашата исхрана ако сакаме да го подобриме имунитетот, здравјето на цревата и ефикасно да слабееме.

1. Пилешки гради:

Познати по високата содржина на есенцијални амино киселини, пилешките гради се одличен избор за поддршка на имунолошкиот систем. Го зголемуват производството на имунолошки клетки и антитела, што ги прави моќен сојузник во заштитата на телото од штетни патогени.

2. Лосос:

Оваа риба е богата со хранливи материи и омега-3 масни киселини, кои имаат значителни антиинфламаторни својства. Лососот помага да се намалат воспаленијата и се поддршка за имунолошкиот систем, што го прави одличен избор за зајакнување на одбрамбените механизми на нашето тело.

3. Грчки јогурт:

Грчкиот јогурт не само што е богат со протеини, туку содржи и пробиотици кои играат клучна улога за здравјето на цревата. Проботиците во грчкиот јогурт го подобруваат здравјето на цревата, што го зајакнува имунолошкиот одговор на организмот. Здравите црева се директно поврзани со силен имунолошки систем, што ја прави оваа храна двојно корисна.

4. Леќа:

Леќата е полна со протеини и растителни влакна кои се од витално значење за варењето и за здрав стомачен микробиом. Го поддржува варењето и ги храни добрите цревни бактерии, што ја прави одличен избор за здравје на цревата, губење на тежината и подобрување на имунитетот.

5. Јајца:

Јајцата се хранлива, нискокалорична храна која обезбедува висококвалитетни протеини. Јајцата ни помагаат да останеме сити подолго, што може да ни помогне да го контролирате апетитот и да придонесеме за намалување на тежината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука