Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Дали сакате да намалите неколку килограми до летото? Направете ги овие три промени во исхраната

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се ближи летото, а со тоа и нашата желба да се чувствуваме самоуверено и во форма. Убавото тело, секако е една од најпосакуваните слики кои сакаме да ги видиме во нашето огледало.

За среќа, постигнувањето на оваа цел не мора да вклучува секогаш екстремни мерки или неуспешни диети, кои често на крајот знаат да направат повеќе штета отколку корист. Неколку едноставни промени во исхраната можат да направат чуда за нашиот организам.

Личниот тренер и консултант за исхрана, Alanna Kate Derrick, и диететичарот, Trista Best, ви откриваат мали, но влијателни промени во исхраната кои можат да донесат значителни резултати.

1. Заменете ги засладените пијалоци со вода

Derrick предлага да започнете со замена на засладените пијалоци, како газирани сокови со поздрави алтернативи. Многу од нашите омилени пијалоци веројатно се полни со шеќер, што може да биде штетно за нашето здравје поради неколку причини.

– Тие калории се собираат многу брзо и не даваат никакви вредни хранливи материи, објаснува Derrick. Наместо тоа, можеме да се одлучиме за вода или незасладени сокови.

2. Дајте им приоритет на посните протеини

Исклучително е важно да се вклучат посни протеини во оброците за да се оптимизира метаболизмот и да се зачува чистата мускулна маса. Ако внесуваме премалку протеини, тоа може да направи да се чувствувате гладни пред јадење. Вклучувањето квалитетни извори на протеини како пилешки гради, риба, тофу или леќа во оброците може да ни помогне да останеме сити и задоволни. Сепак, се препорачува да се внимава на големината на порциите.

3. Јадете повеќе пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои се корисни за цревата и можат да придонесат за подобрување на варењето и зајакнување на имунолошкиот систем. Иако некои истражувања сугерираат врска помеѓу пробиотиците и губењето на тежината, потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат точните ефекти врз телесната тежина. Но, пробиотичката ферментирана храна може да помогне да се хранат „добрите“ бактерии во цревата, што може да ни помогне да изгубиме неколку килограми, тврди Best.

– Јадењето повеќе храна богата со пробиотици може да помогне да се намалат воспаленијата во телото. Пробиотиците се живи микроорганизми кои се корисни за здравјето, особено за здравјето на цревата. Цревниот микробиом игра клучна улога во регулирањето на воспаленијата низ телото, заклучува диететичарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука