Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Најмладите го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата „Полетарче“

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во прекрасна природа, во дружење, игра и забава, децата што ја следат програмата во едукативниот центар на Црвен крст Охрид, „Полетарче“ го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште.

– Оваа програма веќе трета година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Во детскиот забавен парк „кај мостот“, за успешно завршениот пролетен циклус на „Полетарче“, на децата им беа поделени соодветни сертификати, информираат од Црвен крст Охрид.

Додават дека новиот, есенски циклус на забавно-едукативната програма за деца од 3-5 годишна возраст во едукативниот центар на Црвен крст Охрид-Полетарче ќе започне во септември 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука