Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Санкционирани 2 возачи во Охрид и 5 во Струга поради престигнување на непрегледни и места

Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви мај 2024 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Охрид се преземени засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 11 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други моторни возила на непрегледни и места каде тоа е забрането со сообраќаен знак, од кои 2 во Охрид, 5 во Струга и 4 во Кичево, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука