Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Дарио Ивановски и Милјана Ристиќ најбрзи на полумаратонот „Охрид трчат“

Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со време од 1 час, 10 минути и 1 секунда, македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчат“, што се одржа денеска во Охрид.

На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00) и Николај Николов (1:15:44).

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01, Јована Шубатлија од Србија заврши втора (1:30:40), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35).

Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија Александар Арсов (19:16) и Ријат Шеипи (19:32).

Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28) и Весела Панчева од Бугарија (25:21).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата на „Делта“ од Скопје, Македонија со време 1:15:55 часа, пред АК „Аеродром“ (1:33:08) и „Стребениотес1“ од Грција (1:34:02). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука