Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и температура до 27. степени

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука