Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охридски Bacchus Wine Bar & Apartments утре ќе го прослави 1. роденден, специјален гостин Горан Папаз

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една година уживаме заедно во пијалокот на боговите – една година Bacchus Wine Bar & Apartments, порачуваат од местото кое веќе стана омилено за сите вљубеници во врвното вино.

Bacchus Wine Bar & Apartments веќе полна година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за вашите сетила. Со посебна забава, на која специјален гостин ќе биде популарниот Горан Папаз, утре ќе го прослават првиот роденден.

– Ви нудиме врвна локација со амбиент за најголемите вински сладокусци. Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, уникатни ракии од кои повеќе од четвртина може да се пробаат само тука. Со силна поддршка за локалните производители на, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство. Дојдете во вторник, на 4-ти јуни да прославиме и да наздравиме заедно. Промотивно вечерта, вината на Venec winary ќе ги вкусите со попуст од 20%, а за музиката, покрај Папаз ќе се погрижи и Dj Regie Rules, стои во поканата на Bahus Wine Bar & Apartments.

Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука