Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Сирењето е корисно ако се користи во умерени количини, најздраво е свежото

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сирењето може да биде здраво за нашиот организам, доколку се користи во умерени количини.

Во каква форма и да го консумирате, сирењето е вкусно и често е дел и од десертите. Според Меѓународното здружение на производители на млеко, сирењето има богата кулинарска историја, а луѓето го прават повеќе од 4.000 години. Постојат 2000 видови сирење, но кое е најздраво?

Раните студии ја потврдија врската помеѓу високото внесување на заситени масти од млечните производи и зголемениот ризик од срцеви заболувања. Но, полномасните млечни производи можеби и не се толку нездрави како што се мислеше.

– Сирењето е целосно здраво и може да биде дел од севкупниот план за здрава исхрана, вели диететичарот Vanessa Rissetto по објавувањето на резултатите на студиите од 2023 година кои покажаа дека сирењето е богато со хранливи материи и има „неутрални, до умерени придобивки за човековото здравје“.

И диететичарката Natalie Rizzo се согласува дека во исхраната има место за сирење.

– Генерално, нема потреба да се избегнува сирење, освен ако човек има алергија на млечни производи. Добро е да се прескокне дури и во случај на нетолеранција на лактоза. Сепак, сирењето треба да се третира како додаток на оброкот, а не како главното јадење, вели таа.

Кога станува збор за најздравото сирење, свежото сирење е на врвот на листата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука